Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен да прифати мировен договор што би ја замрзнал војната по сегашната линија на фронтот, под услов Украина да добие американски и европски безбедносни гаранции.
Зеленски истакна дека намерите на рускиот претседател Владимир Путин може да бидат ,,политички трик” со цел да се избегне ескалација со САД пред среднорочните избори закажани за во ноември. Според лидерот на Украина, намерите на Кремљ ќе бидат јасни единствено преку неговите постапки.
Дипломатските активности се интензивираа по потезите на Трамп за енергетско примирје. Како гест на добра волја пред почетокот на новите разговори изминатата недела, Русија го ослободи американскиот државјанин Стивен
Хабард.
Според најавите, претседателот на САД можно е да посредува на средба меѓу Путин и Зеленски за време на Самитот на Г20 во Мајами на 14 и 15 декември. Сепак, Доналд Трамп посочи дека односите меѓу двајцата лидери се исклучително сложени.