Денеска во 14 часот и 4 минути беше почувствуван земјотрес во Македонија.
Епицентар потекнува од епицентралното подрачје Преспа, на околу 127 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3, велат податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,
Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, од жителите на градот Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.