Земјотрес од 4,1 степен по Рихтер е регистриран утрово во 5:40 часот во Албанија.
Епицентарот бил во близина на Националниот парк Преспа, а според првичните информации, нема пријави за повредени или материјална штета.
Потресот бил почувствуван и во Северна Македонија, Грција и Србија.