Литванија утрово издаде предупредување до жителите поради неидентификуван летечки објект. Дрон, кој најверојатно навлегол во литванскиот воздушен простор од соседна Полска, се урна во северниот дел на земјата. Остатоци од дронот оштетиле цивилно возило што било во движење. Нема повредени.
По целодневна неизвесност околу тоа чиј е летачкиот објект, Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека жали поради веројатното скршнување на украински беспилотни летала во литванскиот воздушен простор. Киев смета дека инцидентот можеби е предизвикан од руски мерки за електронско војување.
Борбени авиони на НАТО беа испратени да го идентификуваат објектот, но поради временските услови, не било можно да се воспостави визуелен контакт. Литванија и предложи на Полска спроведување заедничка истрага за инцидентот. НАТО потврди дека два авиона биле ангажирани во литванскиот воздушен простор.
Литванскиот премиер Миндаугас Синкевичиус, пак, објави дека имало уште еден инциден – подметнување пожар во објект каде што е сместена опрема за сателитска комуникација „Старлинк”, за кој, според него, исто така е одговорна Москва.