Наместо единство, наместо повикување на заедништво и прослава на државноста, повторно се активираше кампањата „Талог“ на премиерот Мицкоски.
На ден кога Македонија обележува 35 години од својата независност, Мицкоски прво повика да не се делиме, за веднаш потоа повторно да започне со поделби и, како што кажав, ја активираше неговата позната кампања „Талог“, вели Анреј Жерновски.
Според него вчера тој директно се заканил дека ќе се соочи, ќе ги натера тие од „Талогот“ да се соочат со правдата, потоа седнувајќи до државниот обвинител.
Пораката е сосема јасна. Операцијата „Талог“, која всушност се служи за поделба и сеење меѓу граѓаните, сеење на омраза и која Мицкоски ја спроведува со фактички од првиот ден од својот мандат, е опасна по својата природа и по својата основа и таа функционира по рецептот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од македонската историја, реагираат од СДСМ.