Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи – Запад, каде се разговараше за безбедносната состојба и приоритетите во работењето.
Тошковски најави дека системот „Безбеден град“ ќе почне да работи од 12 октомври, откако ќе завршат подготовките на командниот центар во Охрид. Системот ќе ги опфати Охрид, Струга, Кичево и Дебар.
Тошковски информираше и дека е договорено ФРОНТЕКС да ги прошири активностите и на западната граница, покрај јужната.
Заедничките активности се очекува да почнат на почетокот од идната година, за подобра контрола на границата кон Албанија.