Публиката како играч плус

Македонија вечер против Швајцарија – време е за фудбалски спектакл

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречека Швајцарија во првиот меѓусебен дуел од Лигата на нации.

Селекторот Гоце Седлоски е задоволен од подготовките и најавува максимален фокус на сопствената игра.

„Знаеме дека Швајцарија има силен состав, но најважно е ние да гледаме на себе. Очекувам поддршката од публиката да биде нашиот играч плус и верувам во позитивен резултат“, изјави Седлоски.

Еден од клучните фактори за успех вечерва е и поддршката од трибините.

„Ова е нашиот дом и мора да го покажеме својот идентитет“ – капитенот Енис Барди очекува полн стадион кој ќе им даде дополнителен ветер во грб на фудбалерите.

Најнови вести