Македонските фудбалери доживеа нов пораз: Примија три гола од Словенија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Без ниту победа и со шест порази Македонската фудбалска репрезентација го заврши учеството во Лигата на нации. На вечерашниот натпревар со Словенија, црвено жолтите примија три гола.

Словенија беше многу подобра во завршницата на натпреварот и реализацијата.

Првиот гол гостите го постигнаа по половина час игра кога Штурм ја реализираше контрата по додавање од Випотник. Словенечките фудбалери претходно ја погодија и пречката по еден изблокиран шут на Младеновски.

Со еден гол гостите заминаа и на пауза. Во второто полувреме гледавме слична слика на теренот, одново ние ја имавме топката во посед поголемиот дел од средбата, а Словенија сега искористи едно невнимание и Давид Зец ја затресе мрежата на Димитриевски во 66. минута, Випотник повторно беше асистент, сега по корнер. Точка на натпреварот стави Штурм во самата завршница со својот втор гол на средбата.

Со последното место во групата, Македонија ја чека бараж за опстанок во Лига Б каде што ќе играме против една од селекциите на: Молдавија, Фарските Острови и Белорусија и Естонија.

Ждрепката е закажана за петок од 12:00 часот.

Најнови вести