Правда и судење без одолговлекување побараа родителите на починатите во дискотеката„Пулс” на вчерашниот 50. „Марш за ангелите”.
Маршот почнаа од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Судот, со попатни станици во Трговскиот центар, пред зградата на Управата за јавни приходи и пред Полициската станица.
Родителите бараат да се расчистат сите прашања во врска со тргедијата и веднаш да се интензивира судењето и да не се одолговлекува.
Порачаа и дека не бараат правда на улица, туку редовно закажување и одржување на рочиштата, како и јавно и јасно образложување за секое нивно одлагање.
Еден од апелите е да се објавуваат јавно информациите за повеќе постапки и сомнежи за други можни кривични дела поврзани со трагедијата.