ТАЖНА ВЕСТ: Почина двократната олимпијка и европска шампионка Сиара Мегиен на 34-годишна возраст

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Поранешната европска шампионка во атлетика и двократна олимпијка Сиара Мегиен почина на 34-годишна возраст, откако ја загуби битката со рак на дебелото црево.

Мегиен, која потекнува од Портафери во Северна Ирска, во мај 2025 година беше дијагностицирана со рак на дебелото црево во четврта фаза.

Таа ја претставуваше Ирска на Олимписките игри во 2016 и 2020 година, а настапот на Олимпијадата во Париз во 2024 година го пропушти поради повреда на Ахиловата тетива.

Истата година го постигна најголемиот успех во кариерата, освојувајќи златен медал на 1.500 метри на Европското првенство во Рим. Во 2022 година, на Игрите на Комонвелтот во Бирмингем, освои сребрен медал во истата дисциплина.

Веста за нејзината смрт беше објавена преку нејзините профили на социјалните мрежи.

„Во 6:30 часот утрово, Сиара ја загуби битката со ракот, опкружена со своите најблиски. Сакана ќерка, сестра, сопруга, пријателка и инспирација за многумина, таа длабоко ќе недостасува“, се наведува во објавата.

Од Атлетската федерација на Ирска се простија од Мегиен, истакнувајќи дека ќе биде запаметена по нејзината храброст, добрина и неверојатен дух.

Во октомври годинава, Мегиен се венчала со својот долгогодишен партнер Томас Моран на мала граѓанска церемонија во Белфаст.

Нејзината атлетска кариера започнала уште во младоста, а меѓу првите големи успеси биле сребрените медали на Светското јуниорско првенство во 2010 година и Европското јуниорско првенство во 2011 година.

И покрај бројните повреди и разочарувања, Мегиен успеа да се врати на патеката и да изгради успешна кариера, оставајќи траен белег во ирската атлетика.

Најнови вести