Вечерва ќе биде доделена „Златната топка” за 2026 година

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Љубителите на фудбалот во исчекување, кој ќе ја добие ,,Златната топка”.

Во изборот учествуваат десетте фудбалери кои најмалку двапати го освоиле најголемото индивидуално признание во своите кариери, а навивачите треба да изберат кој од нив имал најдобра сезона годинава.

За главни фаворити се сметаат Хари Кејн, Ламин Јамал и Килијан Мбапе. Меѓу останатите кандидати се Лионел Меси, Ерлинг Халанд, Винисиус Жуниор, Џуд Белингам, Оман Дембеле, Родри, Витиња, Мајкл Олисе, Ашраф Хакими.

Свечената церемонија за првпат ќе се одржи во Лондон, во театарот „Лондон Паладиум”, со старт од 21 часот.

Освен во машка конкуренција, ќе биде доделена и Златната топка” за најдобрата фудбалерка. Меѓу номинираните се Алексија Путељас, Ева Пајор, Каролин Греам Хансен, Алесија Русо и Мелши Думорне.

Изминатата година „Златната топка” во машка конкуренција ја освои Осман Дембеле, кој и годинава е меѓу номинираните, додека кај женската, триумфираше Аитана Бонмати, третпат по ред.

Предвидени се и награди за најдобрите млади фудбалери, голманите, напаѓачите, тренерите и клубовите, како и признанието „Сократес” за општествена ангажираност.

Водители на настанот ќе бидат француската фудбалска легенда Тиери Анри и британската спортска новинарка Кејт Скот.

Најнови вести