Српската Републичка изборна комисија ги објави официјалните резултати од предвремените парламентарни избори во Србија, одржани на 25 октомври.
Студентската листа освои 140 мандати, Српска напредна партија 103, додека сите опозициски партии и коалиции останаа надвор од парламентот. Седум мандати освоија партиите на националните малцинства.
Со ова, формално почнуваат да течат роковите за состав на новата влада.
Конститутивната седница на парламентот мора да се одржи во рок од 30 дена. Со потврдувањето на пратеничките мандати и конституирањето на Собранието, пратениците имаат законски рок од 90 дена за избор на влада.
Паралелно со формирањето на парламентот и владата, тече и рокот за избор на претседател на Републиката, па граѓаните на Србија повторно ќе излезат на гласачки места до крајот на годината.
По оставката на Александар Вучиќ на 27 септември, кој се кандидираше за прежиер, предвремените претседателски избори мора да бидат распишани и одржани во рок од три месеци од завршувањето на мандатот, а најдоцна до 28 декември.