Министри, директори, попови ургирале кај Тошковски зошто биле казнети од Сејф Сити

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Министри, директори, верските лица и бројни други функционери му се јавувале на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да му се жалат дека добиле казни од Сејф Сити.

За првиот човек на полицијата е потврда дека системот функционира и дека никој не може да избегне санкција поради својата позиција.

„Многу, многу, не знаете колку многу ми имаат кажано дека министри, директори, не знам, црковни лица од една, од друга, од трета религија и така натаму. Скоро да нема ниво на кое што не ми рекло дека, министер, еве функционира, си платив и јас, ми стигна казната“, изјави Тошковски.

Министерот изјави дека и тој добил и платил казна, нагласувајќи дека системот важи за сите, независно од функцијата што ја извршуваат.

Најнови вести