УХМР за денес најавува променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Во наредните деново следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, најавуваат синоптичарите.
По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Денес и во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.
Во петок ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа над 80 km/h).
Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.