УХМР за денес најавува нови врнежи, кога локално се очекува да наврнат и над 20 литри дожд на квадратен метар.
Температурите ќе останат релативно ниски, а времето ќе биде претежно облачно.
Од среда, 4 ноември, се најавува постепено стабилизирање. Следните денови ќе бидат претежно суви, со променлива облачност која кон крајот на неделата постепено ќе се намалува. Ќе дува ветер од северен правец, кој повремено ќе биде позасилен, особено долж Повардарието.
Според најавите, по дождливиот почеток на ноември, втората половина од неделата ќе донесе помирни временски услови, но утрата ќе останат посвежи.