Осум возачи лишени од слобода- МВР со детали

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Р.(36) од село Слатино, тетовско, З.С.(34) од Кичево, 40-годишната Д.Т. од село Миравци, гевгелиско, Е.Б.(24) и двајца 17-годишници, сите од Скопје.

Од МВР информираат дека со 14-годишник од Велес, во присуство на родител бил извршен службен разговор поради тоа што управувал мопед без возачка дозвола.

В.К.(44) од Скопје и Н.С.(26) од Охрид, пак, управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Најнови вести