Маж од Богданци се обидел да силува девојка: Заврши во притвор

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против И.С.(34) од струмичко село поради постоење основи на сомнение дека на 07.11.2026 во Богданци се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна жителка на струмичко село.

Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител.

По поднесување на пријавата судија од Основен суд Гевгелија му определил мерка притвор во траење од осум денови.

Најнови вести