Почна запишувањето на новите студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Главниот термин за физичко запишување во првиот уписен рок е 3 и 4 септември, согласно со конкурсот на УКИМ.
Се апелира, кандидатите да внимаваат на термините, потребната документација и уплатите, бидејќи условите не се исти на сите факултети.
Особено внимание треба да се посвети на образецот ВОИ. 20, кој повеќе не се пополнува на хартија, туку електронски преку Националниот портал за е-услуги. За негово пополнување е потребен активен кориснички профил на ниско ниво.
По поднесувањето, системот генерира образец и потврда за успешно доставување. Факултетите имаат различни упатства за тоа што треба да се испечати и предаде, како и што да се внесе во полето „број на индекс”.
Неколку факултети предупредуваат дека без образецот запишувањето нема да може да се заврши.
Дополнителните трошоци, цените на индексот, студентската легитимација, пријавните листови и фотографиите, не се
опфатени во наведените износи за првата рата. Доколку сумата е наведена во евра, плаќањето се врши во денарска ротиввредност според средниот курс на Народна Банка, на денот на уплатата.