Студентски живот

Студентскиот оброк ќе се зголеми на 4.500 денари

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Студентите го прифатија новиот модел за субвенциониран студентски оброк, предложен од Владата и Министерството за образование, со кој месечниот износ би се зголемил од 3.500 на 4.500 денари.

Премиерот Христијан Мицкоски го претставил предлогот пред претставниците на студентските парламенти, најавувајќи дека субвенцијата ќе се користи преку нова дигитална услуга наречена „М- студентски оброк”, интегрирана во апликацијата „М-услуги”.

Со новиот систем, студентите би можеле да купуваат храна и пијалаци во ресторани, маркети и млечни ресторани кои ќе бидат дел од мрежата. Дополнителна поволност се најавените попусти што Владата планира да ги договори со трговците. Според Мицкоски, студентите би можеле да ги користат овие повластени цени дури и откако ќе ја потрошат месечната субвенција, со што би се намалиле нивните секојдневни трошоци за храна.

Сепак, бараат два услови да им бидат исполнети и договорените решенија да бидат внесени во Законот за субвенциониран студентски оброк и списокот на компаниите и маркетите да биде јавно објавен пред стапувањето на законот во сила.

,,Сведоци сме дека веќе неколку денови во јавноста се води широка дебата за мерката субвенциониран студентски оброк.
Како студенти извршивме широки консултации внатре во нашите организациски облици. На таа средба Премиерот и Министерката за образование понудија пакет решение за мерката субвенциониран студентски оброк. Сакаме да соопштиме дека за нас понудата од владата и Министерството за новопонудениот модел за Студентски оброк е прифатлива.

Моделот кој се темели на:

– Воведување нов систем М студентски оброк.
– Вкупните средства на месечно ниво да се покачат од 3.500 денари на 4.500 денари – на месечно ниво.
– Јавно објавен список на оператори и маркети каде што ќе можат да ги користат средствата.
– Попустите да важат до крајот на месецот, без разлика дали студентот ја потрошил сумата од 4.500 денари.

Но имаме два услова:

1. Овие услови да бидат внесени во Законот за субвенциониран студентски оброк;
2. Листата на компаниите и мерките да биде јавно објавена пред стапување на сила на овој Закон”, стои во соопштението од Студентите.

Најнови вести