ПАРТИСКО СООПШТЕНИЕ

„Зошто да ја спасува ако сè е во ред?“ – СДСМ со нови обвинувања за Алта банка

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Мицкоски вели ќе ја спаси Алта банка. Зошто да ја спасува ако сè е во ред? Трајко Славески изјави дека сè е во ред. Веќе следниот ден воведе принудна управа, пишува СДСМ во утринското соопштение што РЕПЕР го пренесува интегрално.

-Во Србија Народната банка изјави дека сè е во ред, па истата вечер ја одзеде дозволата. Банката отиде во стечај. Алта лизинг е без дозвола за работа Мацура е во притвор. Ете толку е „во ред”.

Ако банката е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува?

Зошто се брза со продажба па дури и под пазарната вредност? Зошто се кријат сметките и трансакциите?

Затоа што не е во ред. Затоа што е пералница за пари на Вучиќ.

Затоа што парите на граѓаните и јавните претпријатија се таму.

Затоа што Мицкоски и Славески знаат дека ќе одговараат.

Вистината излегува на виделина.

Бандата ќе одговара.

Најнови вести