Репер дознава, в среда продолжува надзорната расправа за Алта Банка.
На надзорната расправа, претходно беа поканети овластени претставници на Владата и органите на државната управа, како и други лица кои можат да дадат информации за прашањето што е предмет на расправата.
На надзорната расправа треба да се разгледаат околностите што довеле до воведување администрација во банката, улогата на Народната банка во постапката, како и одговорноста на надлежните институции.
„Оваа банка нема да банкротира како што тоа беше да речеме случајот со Еуростандард банка којашто банкротира откако неколку дена претходно министер за финансии во владата на СДСМ и ДУИ си го подигна својот штеден влог, кое што претставува навистина скандалозно нешто”, порача премиерот Христијан Мицкоски во Собранието на надзорната расправа за состојбите во Алта Банка Битола.
Мицкоски го отвори и прашањето дали политичката партија Левица, којашто имала штеден влог во Еуростандард банка успеала да си ги подигнат парите од заштедата.