„Енвидија“ пресече: Хуанг се враќа на чело на компанијата по само 11 дена

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Управниот одбор на „Енвидија“ едногласно го врати Јенсен Хуанг на функцијата претседател и извршен директор на компанијата.

Одлуката следува само 11 дена откако тој поднесе оставка поради лично однесување кое не беше во согласност со кодексот на компанијата. Имено Хуанг бил во љубовна врска со жена за која властите во САД се сомничат дека е кинески шпиун.

„Енвидија“ објави дека одборот ја донел одлуката по серија разговори и состаноци со Хуанг, по што бил задоволен од неговата чесност и способност да ја води компанијата. По извештаите дека Хуанг бил цел на странски разузнавачки служби, формирал независен комитет за да го истражи прашањето со независен правен советник. Јенсен Хуанг ја поддржал истрагата.

Компанијата, исто така, формирала Комитет за национална безбедност и контрола на извозот, составен од независни директори, кој ќе го следи усогласувањето со трговските прописи и ризиците за националната безбедност.

Коосновачот на „Енвидија“, поднесе оставка на 12 ноември, а Управниот одбор објави дека откриле оти неговото лично однесување било неконзистентно со кодексот на однесување, стандардите и културните норми на компанијата.

Најнови вести