главни теми економски и безбедносни прашања

Баксузна или среќна 13-ка? Толку минути траеше средбата на Трамп и Шји

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Шји Џјинпинг ја завршија билатералната средба во Кина по само 13 минути, објавија американските медиуми. Главни теми на разговорите биле економски и безбедносни прашања.

Трамп изјави дека претходната вечер, за време на свечената вечера, седел покрај Шји Џјинпинг и дека разговарале два часа.

„Синоќешниот настан беше неверојатен, навистина посебен“, рече Трамп, додавајќи дека разговарале за многу теми што планирале да ги отворат и на билатералната средба.

Мислам дека разговорите ќе бидат многу продуктивни, изјави Трамп пред средбата.

Инаку, американскиот претседател го пофали својот однос со кинескиот претседател пред заедничката средба со рускиот претседател Владимир Путин.

„Претседателот Шји и јас изградивме извонреден личен однос. Навистина е така. Некои луѓе не се среќни кога го слушаат тоа, но јас сум многу задоволен. Тој однос им служеше многу добро на граѓаните на двете наши земји. Продолжуваме да го градиме тоа пријателство, стануваме сè поблиски и тоа е навистина неверојатно“, додаде тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Кина имаат заеднички интерес да обезбедат непречен проток на енергенси низ Ормуската Теснинаи да го спречат Иран да развие нуклеарно оружје.

„И двајцата силно се залагаме за тоа“, рече Трамп.

Трамп изрази уверување дека претстојната трилатерална средба со Шји и Путин ќе донесе резултати.

„Многумина не беа сигурни дали нешто ќе произлезе од тоа. Мислам дека ќе има резултати. Во тоа сум многу, многу уверен“, рече тој.

Најнови вести