Рачни гранати биле фрлени врз две продавници во центарот на Атина, објави грчката полиција. Во инцидентот нема повредени.
Првиот напад се случил во 4:25 часот наутро по локално време, кога рачна граната била фрлена врз продавница за здрава храна во Ахарнон.
Вториот напад се случил во 4:55 часот во областа Агиос Пантелејмонас, кога непознат сторител фрлил експлозивна направа врз бар во сопственост на Сириец.
Полицијата ги истражува инцидентите.