Андреј настапи на гала-вечерта на победниците во „The DiMenna Center for Classical Music“ во Њујорк, каде што пред меѓународна публика го претстави својот музички талент и гордо го понесе македонското знаме.
Министерот за култура Седат Сулејмани на средба го повика талентираниот Андреј, кој сподели дел од своето искуство од натпреварот и настапот во Њујорк.
Доби честитки за освоеното прво место како и за неговата посветеност и успехот со кој ја претставил земјата на меѓународна сцена.


„Поддршката на младите таленти и создавањето услови за нивен професионален и уметнички развој се меѓу приоритетите на Министерството за култура и туризам во унапредувањето на македонската култура. Успесите на младите уметници се најдобар доказ дека Македонија има таленти кои можат рамноправно да се претстават на светската сцена. Наша задача е да ги препознаеме, охрабриме и поддржиме“, истакна министерот Сулејмани.