Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека биле пронајдени и отстранети опасни гранати од Првата светска војна.
Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување, Ѓорги Стефанов од атар на с.Мегленци Општина Новаци безбедно отстрани две артилериски гранати од 75 mm и 155 mm „армирани“ (поминати низ топовска цевка) од предел што бил „поминат“ од мариовскиот пожар пред неколку денови.
Неексплодираните убојни средства (НУС), биле извадени од место што претходно било опфатено со пожар при што не експлодирале од огнот. Таквите гранати и други убојни средства се дополнителна опасност за сите коишто се наоѓаат во регион каде што ги има, а тој е зафатен од пожар. Инаку, службената дојава до ДЗС Битола беше од страна на Полициска станица Новаци, а беа откриени од припадници на ТППЕ Битола, информираат од дирекцијата.