Откупот на земјоделски производи намален за 13,5 проценти

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Државниот завод за статистика објави дека во третиот квартал од годинава, во однос на истиот период лани, откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е намален за 13,5 проценти. Истовремено кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 3,7 проценти.

Вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во третиот квартал е 4,7 милијарди денари, односно 77 милиони евра. Сепак, споредено со лани, во третиот квартал продажбата изнесувала 84,4 милиони евра, намалувањето е за 8,8 проценти.

Според ДЗС, во октомври 2026 година, во споредба со истиот месец изминатата година, цените на средствата што се користат во земјоделството се зголемиле за 9,7 насто. Во оваа група се вклучени семињата, горивата, ѓубривата, средствата за заштита на растенијата, ветеринарните услуги и храната за добитокот.

Големо поскапување има кај енергијата, горивата и мазивата, чии цени се зголемиле за 25,1 проценти. ѓубривата и средствата за подобрување на почвата поскапеле за 5,1 отсто, ветеринарните трошоци за 8,1 отсто, а храната за животните за 2,9 отсто. Зголемени се и цените на средствата за инвестиции во земјоделството, за 8,3 насто. Машините и другата опрема поскапеле за 12,1 проценти, додека транспортната опрема за 19,3 насто.

Најнови вести