Филипче до Мицкоски: Македонија не е на продажба

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Македонија не е на продажба, а земјата, рудите и водата не се приватна сопственост на Христијан Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој нагласи дека жителите на населените места каде што се планираат рудници мора на референдум да одлучат дали прифаќаат такви проекти во близина на своите домови.

Во однос на најавените дата-центри, тој посочи дека власта крие суштински информации. Филипче прашува, кој ќе ја користи водата од Вардар, што ќе се случи со земјоделството, колку електрична енергија ќе трошат центрите, дали ќе поскапи струјата и каква корист ќе имаат граѓаните од проекти што отвораат само неколку работни места.

Во продолжение целата изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Најнови вести