Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието, повика Основното јавно обвинителство да ја истражи улогата на премиерот Христијан Мицкоски во влезот на Алта банка во Македонија и да открие што се крие зад бруталните лаги на Мицкоски.
Лажното претставување на владините документи на надзорната расправа отвора дополнителни сомнежи дека премиерот се обидува да прикрие сопствена одговорност и да ја префрли вината врз претходната влада.
Тој посочи дека зад ваквото однесување постои сомнеж за прикривање сериозни информации за релациите и одлуките што довеле до преземањето на Стопанска банка Битола од страна на Алта банка Белград. Филипче ја оспори и улогата на спасител во која, според него, сега се претставува Мицкоски, додека граѓаните се соочуваат со проблеми да располагаат со сопствените средства.
„Немаше да има што да спасува ако не ја донесеше криминалната Алта банка“, порача Филипче.
Тој нагласи дека надзорната расправа треба да продолжи со одговори и од останатите повикани лица, а секој од вклучените ќе ја носи сопствената одговорност.
„Ова се вистинските работи и вистинските документи, лажни обвинувања од Христијан Мицкоски. Што ќе правиме дополнително? Дозволете да информираме јавност откако ќе заврши надзорната расправа, пошто има и други таму луѓе кои ќе треба да одговорат на прашањата“, истакна Филипче.