Илјадници луѓе се собраа пред центарот за сценски уметности „Џон Ф. Кенеди“ на протест против плановите на претседателот Доналд Трамп за објектот. Демонстрантите стравуваат дека Трамп би можел да ја оствари заканата и да ја затвори и сруши познатата институција.
Една од најзначајните згради на брегот на реката Потомак, Центарот Кенеди е во фокусот на преобразбата на Вашингтон од страна на Трамп, од 2025 година. Кон крајот на изминатата година, тој го стави своето име на центарот. Судија пресуди дека името на Доналд Трамп е нелегално додадено и нареди да се отстрани.
Одборот на Центарот Кенеди, гласаше во вторник за затворање на центарот на неодредено време поради поправки, неколку часа откако американскиот окружен судија Кристофер Купер ги блокираше нивните планови да го вратат името на Трамп во зградата.
Во четврток, судијата му наложи на Центарот Кенеди да даде известување 30 дена однапред пред да направи какви било поголеми физички промени во зградата, вклучително и нејзино рушење.
Зборувајќи од Овалната соба, Доналд Трамп рече дека е спремен да го спаси центарот, за кој рврди дека му носи финансиски загуби. Тој не се осврна на прашањето за неговото рушење.