Земјава доби 140 милиони евра за успешно спроведени реформски проекти

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Австрија, Чешка и Словачка активно ја поддржуваат евроинтеграцијата на Македонија преку видливи проекти на терен и застапување на земјата на европската агенда, истакнаа дипломатите од трите земји на панел-дискусија што се одржа денеска во Европската куќа во Скопје.

Форматот „Славков 3″ нотира дека Македонија е втора земја надвор од ЕУ каде оваа група реализира конкретни проекти, особено во областа на алпскиот и одржливиот туризам. Се работи на изградба и обновување на пешачки патеки и планински домови до Водно, Титов Врв, Шар Планина и Пелистер.

Во однос на европските придобивки, дипломатите од трите земји потсетија на значењето на Планот за раст и 140 милиони евра за реформи, SEPA- системот за плаќање, како и најавата дека за една до две години Македонија ја очекува и зона без роаминг со ЕУ.

Австрискиот амбасадор во земјава Мартин Памер, во однос на тоа кој нон-пејпер ќе преовладува во однос на новата стратегија за проширување што се очекува да се објави на 30 септември, тој вели дека се уште има процес на разговори за различните нон-пејпери.

Најнови вести