Велика Британија

Британскиот премиер со искрена изјава: БРЕГЗИТ ја наруши нашата позиција во светот

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Лабуристичката партија на Велика Британија би можела да се откаже од „црвените линии“ поставени кон Европа во својата следна изборна програма. Некои министри во новата влада на Велика Британија стравуваат дека повторното отворање на прашањето за БРЕГЗИТ е погрешен потег.

Британскиот премиер Енди Бернам,
изјави дека угледот на Лондон во светот е намален по БРЕГЗИТ. Во говор посветен на надворешната политика, Бернам најави дека по самитот во Брисел оваа недела, ќе почне нови разговори со Европската унија за можностите за долгорочни односи, но по било каков исход, народот ќе го има последниот збор.

В петок, на самитот во Брисел, Бернам треба да се сретне со европските лидери за да обезбеди договори кои, според него, би можеле да го зголемат БДП за 0,4 насто. Договорите опфаќаат области како храна и земјоделство и програма за мобилност на младите.

Поддржувачите на БРЕГЗИТ почнаа две одделни кампањи со цел да ја задржат Британија надвор од Европската Унија, доколку премиерот Енди Бернам се обиде да го поништи излегувањето. Поранешните премиери Борис Џонсон и Дејвид Камерон, кои беа на спротивни страни за време на
референдумот, исто така предупредија дека тоа би бил лош потег.

Најнови вести