НОВ УДАР ПО ЏЕБОТ НА ВОЗАЧИТЕ: Oд полноќ поскапува дизелот

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата. Дизелот од полноќ ќе се продава поскапо за 5,5 денари по литар додека цената на бензинот ќе биде помала за 1, 5 денари.

Согласно одлуката, највисоката малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 99 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 101, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 104,5 денари за литар.

Екстра лесното масло за горење (ЕЛ1) поевтинува за 7 денари за литар и ќе се продава за 102,5 денари, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 денари по килограм и ќе изнесува 50,078 денари.

Од Регулаторна додаваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната
пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,960 отсто, кај дизелот за 6,772, кај екстра лесното масло за 5,960 и кај мазутот за околу 4,084 отсто.

Најнови вести