Нови цени на горивата: Поевтинува дизелот, поскапува бензинот

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,86% во однос на одлуката од 7.9.2026 година.

Од полноќ цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС – 95 100,50 денари
ЕУРОСУПЕР БС – 98 102,50 денари
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 денари

Маслото за горење Екстра лесно 1 ќе се продава за 109,50 денари по литар, мазутот М-1 НС 48,243 денари.

Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,242 ден/кг. и сега ќе изнесува 48,243 ден/кг.

Од РКЕ додаваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Најнови вести