Силите за борба против наркотици во Техеран, по спроведена рација, заплениле 55 килограми чист колумбиски кокаин во вредност од 2,4 милиони долари.
Иранската полиција, соопшти дека се запленети и три килограми метамфетамин, опиум, марихуана и психотропни дроги.
Иран долго време е главна транзитна рута за наркотици, но големи заплени на кокаин се релативно ретки. Трговијата со дрога во Исламската Република често поминува со смртна казна. Според Обединетите Нации, повеќе од половина од егзекуциите во Иран во 2024 година вклучуваат прекршоци поврзани со дрога.