Одново тензии на Блискиот Исток. Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека со шест беспилотни летала нападнала американски радар во база за хеликоптери во Бахреин.
По нападот во земјата се огласија сирени за тревога. Министерството за внатрешни работи на Бахреин упати апел до жителите да се упатат кон безбедни засолништа.
Иранската револуционерна гарда исто така соопшти дека Ормускиот Теснец е затворен и предупреди дека секој американски напад ќе биде пречекан со уште посилен и поодлучен одговор.