Во пакистанските воздушни напади врз две авганистански провинции загинале 22 лица, кои Исламабад ги опиша како „терористи“, а уништена е и поголема количина оружје и муниција.
Извор од авганистанската влада изјави за Ал Џезира дека во нападите врз провинциите Кунар и Хелманд загинале девет лица, додека седум биле повредени.
Шефот на одделот за медиуми и култура во Хелманд, Маулви Шер Мохамад Вахдат, изјави за Ројтерс дека пакистанските авиони гаѓале две куќи во областа Гармсир.