ОБРАЗОВАНИЕ

Студентите се враќаат во амфитеатрите: Почнува новата академска година

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Со првиот академски час на универзитетите во земјава почнува новата академска 2026/27 година.

Новите академски граѓани на најстариот и најголем универзитет во земјава „Св. Кирил и Методиј“ во 10 часот на свеченоста на платото кај спомениот на просветителите ќе ги поздрави ректорката Билјана Ангелова и министерката за образование и наука Весна Јаневска, а во Штип на Државниот универзитет „Гоце Делчев“ ќе присуствува премиерот Христијан Мицкоски.

Академски час ќе се одржи и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Државниот универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје.

Најнови вести