Србија

„Саботна ноќна треска” во КИЦ Белград- изложба на тројца македонски уметници

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Синоќа во македонскиот Културен Информативен Центар во Белград е отворена изложбата „Саботна ноќна треска” на авторите Марија Ветероска, Игор Сековски и Иван Блажев.

Изложбата премиерно беше поставена во Скопје во 2024 година, а сега во поставка адаптирана на просторот во нашиот КИЦ Белград, има можност да ја види и белградската публика.

Тројцата автори изложуваат дела на една заедничка тема, но низ три различни изразни форми. Сековски и Ветероска изложуваат дела составени од комбинација на видео и просторна инсталација, додека Блажев изложува серија на фотографии.

Изложбата ќе биде поставена до први ноември и истата се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам во рамки на годишната програма за проекти од областа на меѓународната соработка.

Најнови вести