„Личните искуства да бидат слушнати, вистински гласови, вистинска промена” е годинашното мото на Светскиот ден на менталното здравје.
Природните катастрофи, колективните трауми, вооружените конфликти, општествените и економските прилики како и здравствените вонредни состојби носат длабоки емоционални последици.
Главната цел на Светскиот ден на менталното здравје е да се подигне свеста за проблемите со менталното здравје низ целиот свет и да се мобилизираат напорите за поддршка на менталното здравје.
Денот им дава можност на сите засегнати страни кои работат на проблеми со менталното здравје да зборуваат за својата работа и што повеќе треба да се направи за грижата за менталното здравје да стане реалност за луѓето во светот.
Според Извештајот за ментални растројства во Македонија (2014-2023) на Институтот за јавно здравје, во последната деценија во земјава се регистрирани просечно околу 6.000 болнички случаи годишно поврзани со ментални и бихевиорални растројства.
Најчести дијагнози се шизофренијата и сродните растројства (26,9%),сродните растројства (26,9%), како и растројствата предизвикани од употреба на психоактивни супстанции (24,2%).
И покрај одреден напредок, пристапот до услуги за ментално здравје останува ограничен и недоволен, особено во руралните подрачја, каде што дел од здравствените установи се соочуваат со недостиг на стручен кадар и нерамномерна распределба на ресурси.