Светски ден на мозочниот удар

Поразителни податоци: Годишно околу 5000 мозочни удари во Македонија, денеска бесплатни прегледи

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

По повод Светскиот ден на мозочниот удар, 29 октомври, ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје организира серија активности со цел подигнување на јавната свест за превенцијата, раното препознавање на симптомите и навременото лекување на ова сериозно здравствено состојба.

Во рамки на одбележувањето денеска 28 октомври, од 11 до 13 часот, на Универзитетската клиника за неврологија ќе се одржи Отворен ден за граѓаните, во чии рамки ќе се вршат бесплатни доплер-прегледи на каротидните артерии, а до центарот на Скопје до 12 часот ќе има превентивни прегледи, мерење на шеќер и крвен притисок.

Според најавата од Клиниката, прегледите се достапни за сите заинтересирани граѓани во наведениот термин, без ограничување на бројот на прегледи.

Централниот настан ќе се одржи на 29 октомври, со почеток во 10 часот, во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје. Настанот ќе биде посветен на значењето на превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредувањето на здравствената грижа за пациентите.

Мозочниот удар е сериозен јавно-здравствен предизвик, а брзото препознавање на предупредувачките знаци и навременото добивање медицинска помош се од клучно значење за намалување на последиците и спасување човечки животи.

Со овие активности, Клиниката има за цел да ги поттикне граѓаните редовно да ги контролираат ризик-факторите, да се информираат за симптомите и навреме да побараат медицинска помош.

При ненадејна појава на искривување на лицето, слабост на раката или нарушување на говорот, веднаш треба да се повика итна медицинска помош.

Најнови вести