Голем протест на грчките земјоделци на 5 септември во Солун

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Грчките земјоделци најавија голем протест на 5 септември во Солун, на денот на отворањето на 90 Меѓународен саем. На собирот, кој ќе започне во 17 часот кај Белата кула, ќе се приклучат земјоделци од повеќе региони Грција, а на улиците ќе излезат со трактори.

Меѓу главните барања се поддршка на приходите, намалување на високите трошоци за производство, реформи во системот заземјоделско осигурување, заштита на субвенциите и воведување ограничувања на увозот.

Дополнително, земјоделските производители бараат ослободување од долговите, зголемување на пензиите и соодветен надомест за сите претрпени загуби во секторот.

Протестот е продолжение на барањата од јануари годинава, кога земјоделците ги прекинаа блокадите на главните патишта во Грција и предупредија дека ќе го блокираат Меѓународниот саем во Солун доколку надлежните не ги исполнат нивните барања.

 

 

Најнови вести