Денеска во Крива Паланка се одржа протест поради проблемот со кравите кои неконтролирано се движат низ градот и околината, предизвикувајќи револт кај дел од жителите, проблем кој со години ги мачи жителите на градот.
Протестот бил проследен со турканица меѓу неколку граѓани и полициските службеници кои го обезбедувале просторот. Засега не е познато што ја предизвикало турканицата.
На протестот присуствуваа градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, како и пратеникот од Левица, Борислав Крмов. Присуствуваше и Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ.
Митовски во говорот пред граѓаните вели одиме до крај. Зад секој оштетен имот стои семејство. Зад секој уништен насад – нечиј труд. Зад секое загрижено дете — родител што сака да го заштити.
А зад сите нив мора да стојат институциите. Денес, на мирен протест, заедно побаравме безбедност, заштита на имотот и спроведување на законот.
Дадов збор дека ќе бидам со вас до крај. Ќе истраеме, додека решенијата не се спроведат и последното грло добиток не биде изнесено од градот
Причина за револтот е долгогодишниот проблем со повеќе од илјада крави кои слободно се движат низ Крива Паланка. Жителите се жалат на уништени земјоделски посеви, оштетен имот и загриженост за безбедноста, додека бараат надлежните институции да преземат мерки.