Од денеска на подрачјето на СВР Охрид почнува да функционира системот „Безбеден град“.
Од СВР Охрид упатуваат апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните прописи.
40 камери се поставени на клучните сообраќајници. Со видеонадзорот ќе се ботираат сообраќајни прекршоци, пречекорување на брзината, минување на црвено и непрописно паркирање.
Системот „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Охрид ќе ги опфати четирите општини Охрид, Струга, Кичево и Дебар.
Дел од камерите се поставени на автопатската делница Кичево – Охрид, кон Струга, кон Дебар, кон граничниот премин Ќафасан и на патот кон Свети Наум.