Стоп за фемицидот

В сабота мирен протест во Охрид против фемицидот и институционалното непостапување

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

В сабота од 12 до 14 часот на плоштадот во Охрид ќе се одржи мирен граѓански протест против фемицидот, родово базираното и семејно насилство и институционалното непостапување.

Протестот од плоштадот „Св. Климент Охридски” ќе продолжи низ охридската чаршија, до СВР Охрид, по булеварот „Македонски просветители” и ќе заврши пред Основниот суд Охрид.

Организаторите велат дека протестот е поттикнат од гневот и загриженоста поради сеприсутното насилство врз жените, но и од последниот случај што го потресе Охрид.

Протестот доаѓа по случајот со 26- годишната охриѓанката Сара која беше претепана од нејзиниот партнер.

Најнови вести