Судење 13 полицајци

Остра реакција на родителите: Како ќе докажете дека вашите клиенти не се одговорни за непреземањето навремени мерки, кога последиците се 63 загинати и 218 повредени?

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На денешното судење на 13 полицијаци, родителите на загинатите во кочанската трагедија со остра реакција тврдат дека дискотеката „Пулс“ немала законска документација за работа и одржување концерт. Концертот требало да биде спречен пред да започне, а опасностите навреме отстранети.

-Ние, родителите на загинатите деца, прашуваме: Како ќе докажете дека вашите клиенти не се одговорни за непреземањето навремени мерки, кога последиците се 63 загинати и 218 повредени?

Не бараме вина без судење, туку вистината и одговорноста да се утврдат врз основа на доказите. Бараме одбраната да не ја замајува јавноста со небитни прашања и да не ја одолговлекува постапката, туку судењето да се одвива ефикасно и да води кон утврдување на одговорноста.

Ниту една униформа или функција не смее да биде пречка за утврдување на одговорноста.

Најнови вести