Немири во албанија

Повредени полицајци и новинарка на протестите во Тирана

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Шестмина полициски службеници и една новинарка се повредени за време на протестот во близина на Министерството за образование во Тирана. Приведени се десетици лица соопшти албанската полиција. Обвинителството отвори истрага за идентификација и кривично гонење на лицата вмешани во инцидентите.

Според албанските власти дел од демонстрантите ја оштетиле оградата, влезната порта и фасадата на институцијата, фрлајќи молотови коктели, камења, петарди и тврди предмети кон полицајците.

Албанската полиција соопшти дека ќе продолжи да го гарантира правото на мирен протест, но предупреди дека насилните дејствија ќе бидат санкционирани согласно законот.

Тензиите почнаа за време на демонстрациите организирани од студенти и млади од Албанија. Организаторите велат дека студентите протестираат поради лошите услови на факултетите, високите школарини и недоволната финансиска поддршка. Меѓу причините за незадоволството се и ограничените можности за вработување по завршувањето на студиите.

Демонстрантите, покрај образовните проблеми изразија незадоволство и од општествената нееднаквост и работата на владата. Заменичката на албанскиот премиер, Еди Рама, Албана Кочиу, преку објава на Фејсбук порача дека насилството не е решение.

Протестите во Албанија се случуваат во период кога студенти и ученици протестираат и во други европски земји.

Во Франција, средношколците веќе со недели протестираат и блокираат училишта со барање во образовниот систем да имаат повеќе наставници, подобра инфраструктура и поквалитетна настава.

Најнови вести