Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ од денес до сабота под мотото „На прво светло“ ја започнува новата деценија од своето постоење.
Главната фестивалската програма на 11. издание на КИНЕНОВА, оваа година носи шест исклучителни, врвни по многу нешта, дела на светската кинематографија, кои, според организаторите, долго ќе предизвикуваат дискусии и прашања за особено актуелните приказни и теми кои ги обработуваат.
На програмата се: THREE WEEKS LATER на Мирослав Терзиќ, IN THE SHADOW на Салем Салавати, YESTERDAY THE EYE DIDN’T SLEEP на Ракан Мајаси, FANTASY на Кукла Кешеровиќ, KURAK на Ерке Џумакматова и THE SHOES OF MY FATHER на Христо Симеонов.
Фестивалот свечено ќе биде отворен вечерва во кино Фросина во МКЦ со најновиот филм на Мирослав Терзиќ, познат на публиката на КИНЕНОВА по претходниот филм ШАВОВИ.
Годинашен лауреат е турскиот сценарист и режисер Емин Алпер, кој е и претседател на жирито заедно со Александра Максимовиќ и Гоце Цветановски.
Тој на вчерашната прес-конферениција во Скопје каде доаѓа за првпат, рече дека секогаш бара приказни што вреди да се видат и раскажат.
За филмот „Спасение” Емин Алпер доби Сребрена мечка на Берлиенале, а на фестивалот Киненова ќе биде прикажан неговиот прв филм „Зад ридот” за кој исто така на Берлиенале доби две награди, бидејќи МФФ Киненова е фестивал на дебитантски филмови.

Во рамки на фестивалот ќе се одржат и работилници на 5, 6 и 7 октомври под менторство на режисерката Марија Џиџева.
Преку оваа иницијатива младите ќе имаат можноста да ја развиваат својата креатива, да се запознаваат со филмот како медиум за изразување и своите идеи да ги претвораат во кратки филмски приказни.
Фестивалот Киненова е поддржан од Агенцијата за филм и Општина Кисела Вода.