Прекини на струјата во делови од Карпош и Аеродром

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Дел од жителите на скопските општини Карпош и Аеродром денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето, информираат од РЦУК – Скопје.

Според најавата, од 9 до 13 часот прекин на струјата ќе има кај корисниците на улицата Скупи 20, во населбата Злокуќани, на територијата на општина Карпош.

Во Аеродром, пак, без електрична енергија од 9:30 до 16 часот ќе бидат дел од корисниците на улиците Димитар Македонски, Гаврил Радомир и Митре Влаот.

Најнови вести