Тројца ученици и еден наставник загинаа во пукање во основното училиште „Силвер Рејл“ во градот Бенд, во американската сојузна држава Орегон, додека едно дете и една наставничка се тешко повредени, соопштија локалните власти.
Осомничениот за нападот, 16-годишник од Бенд, бил смртно ранет откако член на локалната заедница интервенирал и го запрел, изјави началникот на градската полиција, Мајк Кранц, на прес-конференција, пренесува ABC News.
Загинатите деца имале 5, 8 и 11 години, додека загинатиот наставник бил вработен во училиштето.
Повредените, седумгодишно дете и 54-годишна наставничка, биле пренесени во болница во критична состојба.